Саниран пожарот на градската депонија чиј густ чад во текот на вчерашниот ден беше видно заблежлив како се шири над градот Делчево. За ова посведочија и неколку фотографии од сопственици на неколку фирми во градот кои истакнаа загриженост и понудија техничка поддршка во гаснењето на истата.
Пожарот во моментот е изгаснат, а како што информираа надлежните гаснењето траело до доцните вечерни часови.
-Во попладневните часови во текот на вчерашниот ден, недела (20 септември 2020) беше запалена односно самозапалена депонијата за комунален отпад „Острец“. Од страна на ЈКП „Брегалница“ Делчево веднаш е интервенирано со две градежни машини ровокопачи и камион кипер и до доцните вечерни часови опожарениот простор е саниран со земја и песок, информираа од ЈКП „Брегалница“.

Со оглед на тоа дека до опожарување на депонијата постојано се случува во попладневни часови за време на викенд, од претпријатието велат дека голем е сомнежот дека се работи за намерно запалување на истата, што според надлежните не значи дека се исклучува и можноста од самозапалување.
-Поради ова во текот на денешниот ден до МВР ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител заради испитување на случајот, додадоа од ЈКП „Брегалница“.
Според сомнежот на надлежните опожарувањето го вршат лица кои собираат секундарни суровини.
Во продолжение неколку видеа како изгледаше депонијата во текот на вчерашниот ден:
Leave a Reply