ЈЛБ „Илинден“ го збогатува биографскиот фонд на книги

Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево го збогати својот фонд со десет биографии и мемоари на светски познати личности. Библиотеката како што информираше директорката Билјана Петровска располагаше со многу мал број на биографии поради што на барање на читателите одлучиле да набават неколку нови биографии.

-Во иднина ќе се потрудиме, автобиографиите и биографиите во библиотеката, да ги имаме во што поголем број. Со оглед на тоа што библиотеката располага со многу мал број на биографии и тоа што го има е набавено на барање на читателите, деновиве очекуваме да ни пристигнат неколку биографии:Алберт Ајнштајн, Никола Тесла,Шар де Гол, Достоевски, Микеланџело, Себастијан Бах, Одри Хепберн, Медлн Олбрајт, Жаклин Бувие Кенеди Оназис и други. Од она што досега го имавме како биографија во библиотеката,читателите најмногу ги бараа оние на Киро Глигоров и Борис Трајковски, рече Петровска.

Транспарентност при работењето, информирање на читателите за се што е ново во библиотеката како што додаде директорката Петровска и понатаму останува приоритет за ЈЛБ „Илинден“.

-Континуирано продолжува купувањето на сите нови, актуелни и интересни нови наслови. На полиците на библиотеката ги има скоро сите нови наслови од скоро сите издавачки куќи. Сепак на барање на читателите најмногу нови наслови се набавени од „Сакам книги“ и „Матица“. Библиотеката има добра соработка и со другите издавачки куќи: Култура, Три, Антолог, Арс Ламина и други. Во текот на летниот период читателите најмноги бараа да читаат од Фицек, Нада Стоилкович, Лусинда Рајли, Милјана Павловска, Јелена Бачич Алимпич, Сара Џио и стандардно се од Стив Бери, Баркли, Ден Браун, додаде Петровска.

Од библиотеката информираа дека од почетокот на годината до крајот на месец август, ЈЛБ „Илинден“ има потрошено 232.576 денари за купување на книги, а таквата пракса ќе продолжи и во иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*