Мира Симоновски – Прва жена од Делчево со искачени 5137 метри на врвот Арарат

Мирјана Симоновска е првата жена планинар од Делчево со искачени 5137 метри надморска висина на врвот Арарат во Источна Анадолија. Симоновска подвигот го реализираше изминатиот викенд, а одличната вест ја сподели по враќањето во Делчево.

-Искачувањето се одвиваше изминатиот викенд кога јас бев  дел од експедицијата на Тодорче Ѓеоргиев од Велес. Подвигот се случи на 16 септември 2020 со што успеав да станам првата жена планинар од Делчево со искачени 5137 мнв, истакна Симоновска.

Делчевската планинарка вели дека искачувањето било доста напорно, но како што додава, кога се сака нешто, тогаш работите се едноставни.

-За да се поместат границите треба да го сакаш да го направиш тоа што си намислил. Се разбира претходно треба да имаш добра кондиција за движење по секакви временски неприлики. Дел од искачувањето го реализиравме во ноќни услови со лапми во рака, на места имаше снег, така што ова е едно одлично искуство во животот, вели делчевскиот планинар.

Од останатите врвови на кои досега се искачила без проблеми Симоновска го напомена врвот Триглав кој го искачила во два наврати.

Додаде дека ќе продолжи да бара нови предизвици во планинарството со тоа што ќе ги поместува сопствените ограничувања за издржливост.

Честитки за Мира Симоновски за овој голем подвиг, а во продолжение еве неколку фотографии кои ни ги испрати нашата сограѓанка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*