Во Делчево продолжува имплементацијата на проектот ,,Подобрување на општинските услуги”

Во Делчево продолжува имплементацијата на проектот ,,Подобрување на општинските услуги” преку кој подобра патна инфратсруктура ќе добијат над 1100 жители од неколку делчевски населби.

Како дел од овој проект завршени се градежните активности за асфалтирање на улицата ,,7″ во населбата СРЦ. Со активноста како што информираат од општината за прв пат оваа улица добива асфалт, а населбата добив нов урбан лик. 

-Улицата е со должина од 290 метри и е изградена во рамките на проектот „Подобрување на јавните општинските услуги“ кој се реализира преку Проектната единица на Министерство за финансии- финансиран преку Светска Банка. Во рамките на овој проект се реконструираат и улиците „Маршал Тито“ во должина од 743 метри „Вера Јоциќ“ во должина од 599 метри, информираа од општината.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот Горан Трајковски кој додаде дека преку проектната единица на Министерство за финансии и проектот за подобрување на општинските услуги МСИП финансиран преку Светска Банка, Општина Делчево доби средства за подзаем од 32.2 милиони денари за реализација на овој проект.

-Проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево” подразбира, реконструкцијата на улица „Маршал Тито“ со должина од 743 метри, реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“ со должина од 599 метри и изградба на комплетно нова улица во населбата СРЦ улицата бр. 7, во должина од 290 метри. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на локалното население од овие улици, но воедно и на сите жители на Општина Делчево, рече Трајковски.

Додаде дека наскоро се очекува да започне асфалтирањето и на улица „Маршал Тито“, каде се изградени низа објекти по должината на улицата, како потпорни ѕидови, цевкаст пропуст и реконструкција и проширување на плочестиот пропуст, а предвидено е и асфалтирање на улицата „Вера Јоциќ“, каде како што додаде завршуваат подготвителните работи за асфалтирање.

-Сакам да истакнам дека со реализација на овој проект решаваме големи проблеми на граѓаните, го подобруваме квалитетот на животот и придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, а исто така, се зголемува капацитетот на протокот на овие улици, но и се намалуваат трошоците за одржување на веќе дотраените коловозни ленти на улиците „Маршал Тито” и „Вера Јоциќ”, додека, пак, улицата бр. 7 во населбата СРЦ доби комплетно нов лик и од земјена улица прерасна во асфалтирана улица со тротоар и  комплетен систем за атмосферски води, додаде Трајковски.

Директна корист од реализацијата на овој проект имаат 1130 жители на општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*