Во допадлив пријателски натпревар, денес на градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на ФК „Брегалница Делчево“ ја совладаа екипата на ОФК „Малеш“ од Берово со 4:3. Првото полувреме заслужено и припадна на домашната екипа која со головите на Дарко Пешовски, Иван Димитровски и Александар Илиев набрзина поведе со 3:0, по што следеше мало опуштање па така Ерол Пилов намали на 3:1.

Во второто полувреме гостите заиграа поангажирано и со головите на Димитриј Пачемски и Димитар Кракутовски изедначија на 3:3.
Јунак на мечот за домаќините беше Филип Димитровски кој со четвртиот погодок им ја донесе победата од 4:3 на фудбалерите на Брегалница.
И двете екипи во новата сезона се најголеми кандидати за највисок пласман во Третата фудбалска лига – Исток која започнува наредниот месец.

Неколку детали од мечот во продолжение:
Leave a Reply