Во Пехчево преку обуки со примена на иновативна технологија се идентификуваа загадени почви

Во Пехчево заврши специјализираната обука за примена на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадени почви. Активноста е дел од проектот ,,Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” кој здружението ,,Амброзија” од Пехчево го реализира во соработка со Кластерот за обновливи извори на енергија од Благоевград. 

-Проектот е насочен кон проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постоечките и потенцијални загадувања на почвите и кон подигање на свеста за состојбата со почвените ресурси во Бугарија и Република Северна Македонија, како и кон поефикасно управување со почвите. На обуката присуствуваа претставници од локални власти, образовни  институции, невладини организации од регионот, кои имаа можност да се запознаат со начините за полесно следење на загаденоста на почвите, во споредба со конвенционалните методи на анализа, информираа од здружението ,,Амброзија”.

Практичниот дел од обуката, како што додадоа организаторите на обуките се реализирал во Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево, каде присутните се запознаа подетално со опремата и методологијата за определување на магнетен сензибилитет на почвите.

Од здружението ,,Амброзија” очекуваат со реализација на проектните активности  зајакнување на соработката меѓу невладините организации, академските институции и јавните власти во прекуграничниот регион на Бугарија и Северна Македонија преку заедничка платформа за ширење на знаења и зајакнување на капацитетите и вештините на институциите кои се занимаваат со скрининг на животната средина и мониторинг.

Проектот според организаторот на обуките ќе придонесе и за подигање на свеста за состојбата со природните ресусрси, со акцент на почвата во прекуграничиот регион. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*