Наталија од Делчево апелира за помош на нејзиното семејство

Наталија Богатинова од Делчево апелира за помош за илез од тешката состојба на нејзиното семејство. Поради нејзините мајчински обврски во семејството работи само нејзиниот сопруг, но како што вели средствата се доволно само за храна и подмирување на сметките. 

-Ние сме семејство од Делчево, живееме во социјален стан доделен на мојот сопруг од мајка му. Јас не работам бидејки се грижам за детето, сопругот работи, но тоа не е доволно за да се подмират сметките. Добро е што заработува за храна да имаме, за на нашето дете да не му фали ништо. Затоа ќе ве молам да ни помогнете да овозможиме услови во домот што ни остана од татко му на сопругот, вели Богатинова.

Помошта која ја бара Наталија е да оспособат две соби во старата куќа или да имаат доволно за кирија додека таа пронајде работа.

-Наскоро ни истекува договорот за станот, но ние немаме пари да го продолжиме. Ако не го продолжиме ќе останеме на улица. Затоа ве замолувам за помош кој колку може за да може да реновираме две соби во старата куќа. Треба да се смени цела инсталација, нови прозорци, врати и купатилото. Имаме понекогаш поддршка и од моите родители, но мојот сопруг е сам и нема поддршка од никого, додава Богатинова.

Моментално за помош на ова семејство под мотото „Среќен дом за моето малечко“ Богатинова започнала иницијатива за прибирање на онлајн донации, при што во рамки на акцијата од потребните 4000 евра, досега се обезбедени над 1600 евра. Дел од средствата како што додава Богатинова веќе се искористени за реновирање на домот во куќата на нејзиниот сопруг.

Дел од средствата веќе се наменети за реновирање

Линк на кој може да се донира: https://helpkarma.com/campaign/sreken-dom-za-naseto-malecko-2345

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*