Во соработка со бизнис секторот ќе се надминува проблемот со незаинтересираноста за стручното образование во Делчево

Со стартот на новата учебна година продолжува проблемот со намалениот број на ученици во стручното образование во делчевската гимназија. Како што информираше директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски, иако училиштето се труди на сите начини да се зголеми бројот на ученици, сепак нивниот број стагнира.

-Имаме еден проблем кој што за жал и општината и средината треба малку повеќе да се загрижи, а тоа е се помалиот број ученици во стручните паралелки. Од година во година ние се трудиме на сите начини да го зголемиме бројот на ученици, но за жал тој број или стагнира или опстанува на исто место. Таа бројка се движи од 12 до 14 ученици во мешовити паралелки во кои има по 7-8 ученици во текстилната струка и 7 до 8 ученици во прехранбената струка, вели Прачкоски.

За подобрување на состојбата, како што додава директорот на делчевската гимназија и годинава во разговор со делчевските стопанственици се креира стратегија за мотивирање на учениците преку овозможување четири годишни стипендии.

-Ние разговаравме со бизнисмените кои се задолжени да помогнат во тој правец да се стипендираат и мотивираат овие ученици. Сепак на некој начин мора и самата наша средина и општеството да вклучат што поголем број на млади кои би биле вклучени директно во производството., Најдобро решение е да им се овозможи одредено стипендирање во временски период од 4 години, додаде Прачкоски.

Оваа година како што дополни директорот учениците од стручните паралелки ќе го реализираат образовниот процес по нова програма за стручните паралелки, во чии рамки е предвидено повеќе учениците од стручните паралелки да се ориентираат кон практичниот дел од наставата.

Она што е добро за гимназијата е тоа што во зиминатите неколку години констатнтно расте интересот за упис во гимназијат, особено од основците кои по завршувањето на основното образование, средното образовнаие го продолжуваат во родниот град.

-По однос на тоа прашање од 111 ученици од вете делчевски деветолетки, 94 се запишаа во прва година во напата гимназија. Исто така вкупниот број на ученици од 373 порасна на 403 ученици. Тоа е затоа што дел од учениците се вратија од Италија, дојдоа и ученици од други училишта, така што по подолго време ја надминавме бројката од 400 ученици. Тоа е еден од факторите кој покажува дека нашата гимназија во континуитет добива постојано нвоа енергија и заинтересираноста на учениците да останат во гимназијата е поголема, додаде Прачкоски.

Благодарејки на соработката со раководните лица во делчевските деветолетки, директорот Љупчо Прачкоски изрази надеж дека во иднина ќе се зголемува бројот на ученици, не само во гимназиските паралелки, туку и во стручните паралелки, каде засега состојбата е статус кво во однос на минатата година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*