Потпишан договорот за внатрешно уредување на третата ламела на Домот за стари лица во Берово. Градоначалникот Звоннко Пекевски кој заедно со претставник на Центарот за развој на Источно-планскиот регион го потпиша договорот информираш дека истиот се реализира со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка преку регионалните форуми во заедницата.
-Овој проект беше одобрен од проектниот тим на форумите и ќе биде од големо значење за Берово и за Источниот регион. Со негова реализација бидат обезбедени нови 10 легла за корисниците, кои во голем број чекаат да бидат сместени. Голема благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка и до Министерството за локална самоуправа за поддшката во реализација на проектите, рече Пекевски.

Александар Николов од Центарот за развој на Источно-планскиот регион истакна паралелно се подготвува програмата за следната буџетска година чија имплементација ќе значи и реализија на капитални проекти во повеќе општини од регионот.
-За таа цел изготвуваме петгодишен документ преку програмата за Одржлив економски развој кој треба да ги даде наредните приоритети и правци за развој на планскиот регион, рече Николовски.

Вредноста на договорот за внатрешно уредување на третата ламела од Домот за стари во Берово е околу 7,3 милиони денари, од кои околу 6,9 милиони денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, а останатите околу 400 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Берово.
Leave a Reply