Онлајн наставата и наставата со физичко присуство во беровските училишта се одвива без проблеми

Онлајн наставата и наставата со физичко присуство во Берово се одвива без проблеми. Успешниот старт на учебната година во Берово, како што информираат надлежните се должи на целосната посветеност на општината која според нив, обезбедила одлични услови за непречено одвивање на воспитно-обравониот процес.

-Свесни сме дека во овие вонредни околности, мораме да го заштитиме здравјето на сите деца и наставниците, но и да овозможиме услови за секое дете да има пристап до образование со цел надградување на своите знаења. За таа цел во деветолетката „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово до секоја училница е монтиран оптички интернет, со што наставата се одвива во најдобри можни услови, велат надлежните.

Слична активност, како што додадоа е планирана и во Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ во Берово.

-Во оваа гимназија во текот на денешниот ден, целосно ќе се покрие со интернет пристап секој училница и ќе се дообезбедат потребните компјутери за непречено одвивање на наставата. Со ова можеме слободно да констатираме дека во сите училишта и одделенија во зависност дали по препораките се реализира онлајн или настава со физичко присуство, учебната година се одвива успешно, додадоа надлежните.

Во моментот настава со физичко присуство во Берово следат учениците до трето одделение во централното и во подрачните училишта.

И покрај желбата учебната година да ја почнат со физичко присуство, по одлуката на Комисијата за здравство и неможноста заради бројот на ученици да се запазат протоколите, за учениците од 6 до 9 одделение во подрачното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во село Двориште наставата исто така се одвива онлајн.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*