Од денес на полиците во ЈЛБ „Илинден“ пристигна најновото дело на роднокрајниот автор Васил Маневски. Делото како информираше директорката Биљана Петровска носи наслов „Ѕуница“ и е второ негово дело кое содржи катрени.
-Убаво е што роднокрајното одделение на библиотеката е збогатено со нов наслов. ЈЛБ „Илинден“ продолжува со поддршка на сите наши роднокрајни автори кои сакаат нивниот труд да бите на полиците на библиотеката, рече Петровска.

Заради ситуацијата со вирусот, како што додаде директорката промоцијата на оваа книга ќе се реализира во наредниот период
-Сакам да ги информирам сите наши читатели дека „Ѕуница“ веќе ја има во нашата библиотека и е достапна до сите наши членови, додаде Петровска.
„Ѕуница“ на Маневски во себе содржи Катрени. Маневски е можеби единствен автор што во последните години објавува Катрени,кои по содржината се блиски на поговорките и на афоризмите.
Во ЈЛБ„Илинден“ покрај ова последно дело на Маневски, ги има и сите други дела кое се потпишани со негов потпис и тоа: „Љубов и страдања“,„Зад твојот сон“,прво издание во 1980 година,второ издание во 2019 година,потоа „Плачеше цела Малешевија “ и “Корона Катрени“.
Leave a Reply