Во пехчевското село Црник се реализираат градежни активности преку Декадата на Ромите

Во Пехчево продолжува имплементацијата на проектите кои се реализираат како дел од програмата за работа на Декадата и Стратегијата на Ромите. Еден од клучните проекти кој е опфатен со оваа програма е изградба на улицата која води до главниот пат во село Црник. Градежните активности за нејзина изградба се во тек, а на истите како што информираа надлежните им претходеше изградба на одводен канал на главната улица.

-Се работи за уредување на каменеста улица во должина од 100 метри, каде моментално се реализираат земјените работи и подготовка на теренот, по што ќе следи поставување на бехатон плочки, информираа надлежните.

Увид во градежните работи на улицата денеси изврши градоначалникот Дараган Тренчовски кој истакна дека изградбата на оваа улица е од огромно значење, бидејки жителите кои живеат таму, за прв пат добиваат пристапна улица.

-Жителите од оваа улица за прв пат добиваат пристапен пат до своите домови. Со изградбата на улицата ќе им се олесни движењето и на сите жители кои поминуваат на овој потег, а ќе се изгради и одводен канал, со што ќе се реши и проблемот со атмосферската вода на главната улица, која пред скоро една година ја изградивме и асфалтиравме. Честопати кога објавувавме информации за нашите активности од областа на инфраструктурата, особено бројни беа коментарите и прашањата за изградба токму на оваа улица. Но, кај нас зборот е збор, ние секогаш го реализираме планираното и ветеното. Со тоа исполнивме ветување, вметнато во програмата, кое е по барање на жителите на село Црник, како една од нивните главни потреби, истакна Тренчовски.

Инвестицијата на овој проект кој е во вредност од 760 илјади денари е од сопствен буџет на општината и Министерството за транспорт и врски, согласно одлука за распределба на средства од Буџетот на РСМ за поддршка и имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*