Граѓаните на Берово контруктивни во давањето предлози за развој на општината

Граѓаните на Берово контруктивни во давањето предлози за разој на општината. Ова е констатацијата на надлежните по однос на досегашната серија на маалски средби со граѓаните, кои низ директен разговор може да ги посочат проблемите и приротиените проекти кои ќе бидат опфатени наредната буџетска година.

-Маалските средби за непосредно запознавање на граѓаните со тековните и идните проекти на локалната самоуправа и нивни предлози за реализирање на капитални проекти во следната буџетска година се клучни за поефикасно работење на локалната власт. Поради тоа што сме на самиот почеток на учебната година, акцент на овие разговори ставивме на изградба на паркинг просторот кај детската градинка „23 Август“ кој наскоро ќе блесне во ново руво, проект кој доаѓа токму по иницијатива на граѓаните, истакнаа од Општина Берово.

Овој проект како што додадоа е изгласан преку Форуми во заедницата за што веќе е изготвен веќе целосен проект за што се обезбедени средства во висина од 1,87 милиони денари.

-Упатуваме апел до граѓаните да продолжат конструктивно да даваат и други предлози и конструктивни забелешки што би можело се да се преземе во унапредување на ефикасноста на локалните институции кои се тука за нив, додадоа од Општината.

Со цел поголема ефикасност на локалната самоуправа непосредните средби за директно разменување мислења со граѓаните, како што додадоа од Општината, ќе продолжат и во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*