Душко Ѓорѓиев со надеж дека делчевските ловџии ќе пронајдат некаква трага од неговиот исчезнат татко

Душко Ѓорѓиев, син на Ристо Ѓорѓиевски од делчевсското село Косово Дабје кој исчезна пред повеќе од две недели и понатаму очекува новости за својот исчезнат татко. Иако, како што вели потрагата по него била интензивна во последните две недели, сепак никаква трага, ниту од таткото Ристо, ниту било што од неговата облека, досега не е пронајдено.

Упатува апел до делчевските ловџии, кои во наредните два дена ќе бидат во шумски предели, да му излезат во пресрет и доколку забележат нешто што можеби води кон трага од неговиот татко да ја споделат информацијата со него.

-За жал потрагата по татко ми не вроди со плод. Еве за утре и задутре се надевам на помошта од ловџиите кои во недела и за време на празници обично се на лов и во шума. Ќе ги замолам, доколку забележат, било што како трага од нешто што наликива на изгубен човек, да ме побараат на 072-547-073, вели Душко.

83 годишниот Ристо Ѓорѓиевски кој е последниот жител на селото Косово Дабје или Шопје, последен пат бил бос, со жолто палто и жолти пантолони и е виден пред околу 15 дена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*