Денес со почеток во 17:00 часот Ромскиот културен и едукативен центар „Тернипе МК“ Делчево организираше настан по повод 40 години од постоењето. Оваа година значајниот датум „Тернипе МК“ го одбележа со свечена академија, со што како што истакна претседателката Ермина Реџепова, на еден свечен начин РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево уште еднаш го потврди нејзиното суштинско место, пред се во градот Делчево каде што и припаѓа, но и пошироко, во државата.
-Акцентот на јубилејот беше ставен на оддавање признанија, дипломи, пофалници, благодрници на личности, институции, здруженија и поединци кои со своите дела, дале несебичен придонес за развој на „Тернипе МК“. Благодарници за долгогодишна доделивме на Општина Делчево, Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците – Министерство за култура на Република Македонија, КУД „Гоце Делчев“ Делчево, Ансамбл за народни ромски песни и танци Рушит Шакир Куманово. Комисијата за одликување со признание едногласно одлучи да додели Признание на Зенил Реџепов – Стручни за посебен придонес: јазикот, историјата и културата на Ромите, информираше Реџепова.

Настанот беше збогатен со етнографска, фотографска изложба и музичка експликација и истиот беше пропратен согласно планот на Владата за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.
-Како организатори во целост го применивме донесениот протокол бр.33, протокол за начинот и условите за организација на настани, со што учесниците и поканетите гости беа заштитени во текот на нивното времетраење, додаде Реџепова.
За организацијата на настанот организаторот ТРКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево, доби поддршка од Министерство за култура, додека истиот се реализираше во соработка со Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ Делчево.
Leave a Reply