Во Делчево реализирана акцијата за чистење на дел од дивите депонии во градот. Активноста ја спроведоа вработени во Општина Делчево и претставници од институции со голема поддршка од вработени и механизација од Јавното комунално претпријатие “Брегалница” и Територијалната противпожарна единица – Делчево.
-Во рамките на акцијата беше исчистена дивата депонија кај ендекот Грозданец, а целта на акцијата е да се испрати порака дека грижата за животната средина значи грижа за нашето здравје и секој одговорен поединец треба да даде личен придонес во борбата со дивите депонии, информираа од Општината.
Оваа акција како што додадоа е продолжување на кампањата “За поубаво Делчево”.

Со оваа акција во изминатите два месеци заедно со волонтерите од градот се чистеа и уредуваа јавните површини и се санираше урбаната опрема. Исто така во изминатиов период во Делчево беше извршено чистење на мостовите и бојадисување на оградите, додадоа надлежните.
Во пресрет на Денот на Востанието, екипи на Јаввното претпријатие за комунална дејност ,,Брегалница” го исчистија и споменикот на паднатите борци.

Leave a Reply