Во Берово спроведена акција за чистење на Беровско езеро. Надлежните информираа дека активностите се дел од напорите на општината за зачувување на животната средина.
-Во акцијата учествуваа екипи на АД ,,Водостопанство” и Јавното претпијатие за комунални работи ,,Услуга”. Во тие рамки исчистени се површините и просторот околу езерото, а е извршено и чистење на сите заштитни зони околу Беровско Езеро, информираа од општината.
Надлежните апелираа несовесните граѓани совесно да се однесуваат кон зачувување на животната средина.

-Иако одговорните се трудат да ја одржуваат околината чиста и да инвестират на сите да ни биде убаво, одговорноста ни е заедничка и ни припаѓа на сите нас како граѓани. Околу Беровското езеро, природата била толку дарежлива и истурила еден куп благодети и вистински рај за очите и затоа треба да се грижиме да си го зачуваме, она што ни го подарила природата, се вели во апелот на надлежните.
Од АД ,,Водостопанство” и ЈПКР ,,Услуга” најавија дека со вакви акции ќе продолжат и во иднина, се со цел да се зајакне свеста кај граѓаните, за заштита на животната средина.
Leave a Reply