Делчево го одбележа 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскиот народ

Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележа 79 години од почетокот на антифашистичкото Востание, „11 Октомври”. По тој повод, делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот, претседателот на делчевскиот Совет, како и претставници од институции, политички партии, здруженија на граѓани и физички лица, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

Во рамките на одбележувањето членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот вооружен напад во Прилеп и во Куманово, но се осврнаа и на значењето на Востанието како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ.

-Денешниот ден е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнат во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување, вложени во Балканските и во Првата светска војна, истакнаа пред сприсутните во рефератот за значајниот датум, членовите на КУД „Гоце Делчев“. 

На седумдесетина од борците кои своите животи во НОВ од Делчево ги дале за слободата на Македонија, имињата се испишани на спомен плочата во центарот на градот. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*