Видео: Како делчевски возач се спаси од „непоканетата“ змија на хаубата од неговото возило

Несекојдневна случка добро се заврши за Ѓорѓи Ивановски, возач во делчевска приватна фирма, кој враќајки се од терен на патниот правец Струмица Делчево успеа да се ослободи од „неканет“ гостин кој стоеше на хаубата од неговото возило. Змијата која не знае како се нашла таму ја сними со својот телефон, а неговата брза досетливост, му помогна да се одлободи од „лутиот“ ѕвер со помош на бришачите од возилото.

Ова како што самиот вели прв пат му се случува. Во телефонски разговор ни кажа дека неговиот сомнеж е дека „неканетиот“ гостин најверојатно бил подметнат.

-Одам често на пат, но ова прв пат ми се случува. „Змија“ на хауба досега немав забележано никогаш. Сум слушал приказни дека змии можат да се скријат во мотор од автомобил, но ни на сон не верував дека нешто слично може да ми се случи. Змијата на хаубата ја забележав на враќање од Струмица. Имаше мала гужва со луѓе на одредени места додека бев во Струмица и затоа сметам дека змијата е подметната, иако не можам со сигурност да потврдам. Можно е змијата цело време да била на хаубата уште од поаѓањето од Делечво за Струмица. Интересно беше што најпрво мислев дека е прачка и не обрнував внимание, но кај месноста Крива Круша се поткрена змијата и се чудев извесно време што да направам. Ако ја турнам преку прозорецот со некој предмет, си помислив може да влезе во моторот. Тогаш се сетив дека со бришачите ќе ја оттурнам и така и направи. Зад мене имаше автомобил и чиста среќа што беше малку подалеку и не се префрли змијата на хаубата од тој автомобил, вели Ивановски.

Длечевскиот возач додава дека од она што го слушал за змиите, постојат луѓе кои знаат да контролираат змии, но засега како што вели не може да потврди како змијата се нашла на хаубата од возилото со кое управувал. Среќа во целата ситуација е што истата ја отстрани без никакви последници по него и возилото. Препорачува во овие се уште топли денови возачите да внимаваат и да ги проверуваат своите возила пред да тргнат на пат и по можност да не ги оставаат прозорците ширум отворени.

Како изгледаше ситуацијата во која Ѓорѓи Ивановски се справи со змијата погледнете во видеото во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*