Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со сообраќајната полиција од Полициската станица од општа наделжност во Делчево ја започна кампања „Брзината убива-вози одговорно“.
Кампањата како што информираа надлежните се спроведува со цел да се зголеми на јавната свест на учесниците во сообраќајот за последиците од неодговорното учество во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на Општина Делчево.
-За таа цел, а во рамките на кампањата се предвидени чести контроли на возачите и брзината на движење на возилата на влезот и излезот од градот Делчево, но и на фреквентните улици „Маршал Тито“ и „Кеј на Брегалница“ покрај редовната контрола, на возачите денес им се доделува едукативни материјали, информираа надлежните.

Локациите кои се опфатени со кампања, како што додадоа надлежните, се делници од улици и патишта каде во изминатите 5 години се имаат случено сообраќајни незгоди.
-Исто така на овие улици има реакции од страна на жителите за непочитување на ограничувањето на брзината на движење, што е една од причините, токму таму да се спроведе активноста, додадоа надлежните.
Оваа кампања е предвидена во Годишната програма на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево за 2020 година, а едукативниот материјал е обезбеден од страна на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Leave a Reply