Ученици од ООУ „Ванчо Прке“ добија 10 таблети од невладината „Тернипе МК“

Во рамки на втората фаза од проектот за поддршка на маргинализирани групи и Роми, во делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ Делчево доделени 10 таблети, како поддршка за реализирање онлајн настава. Таблетите се обезбедени од Невладината организација „Тернипе“ МК, од каде информираа дека во текот на неделата таблети за далечинска настава ќе доделат и во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево.

-Денеска сме овде за реализација на втората фаза од проектот „Поддршка во време на Ковид-19 кризата за маргинализирани групи и Роми. Откако ќе доделиме таблети и во основното училиште „Св.Климент Охридски“ ќе го заокружиме целокупниот процес со доделени 45 таблети, истакнаа од „Тернипе МК“.

Изразувајки благодарност за донацијата, директорот на училиштето Горан Велков, најави слична поддршка и од страна на училиштето.

-Голема благодарност до невладината организација „Тернипе МК“ за оваа донација. Јас како директор на ООУ „Ванчо Прке“ ќе се обидам од средства на училиштето да обезбедиме уште неколку таблети и на други деца, како воспитно-образовниот процес би течел непрекинато, рече Велков.

Поддршка за учениците кои не се во можност да обезбедат нагледни средства за следење онлајн настава најави и советникот за образование при Општина Делчево, Ванчо Новоселски, кој изрази надеж дека општината зеаедно со градоначалникот ќе направат напори на сите ученици да им се овозможи непречено следење на наставата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*