Автомобилот кој утрово беше украден од двор во М.Каменица пронајден во река Брегалница

Автомобилот кој утрово беше украден од дворот на каменичанецот Илчо Велков е пронајден напуштен во зафрлено подрачје на река Брегалница во Делчево. Сопственикот на возилото Сеат ,,кордоба” истакна дека истиот со видливи каросериски оштетувања е пронајден во попладневните часови, а во потрагата учествувале негови пријатели.

-Заедно со мои најблиски пријатели, решивме да го пребараме теренот околу реката и езерото на потегот од М.Каменица кон Делчево, бидејки утрово вработени во конфекција кои тргнале на работа ни кажаа дека го виделе автомобилот на пат кон Делчево. Успеавме во потрагата и попладнето возилото го најдовме во запуштен дел на реката Брегалница, вели Велков.

Тој се сомнева дека виновник за кражбата е лице од Делчево кое неодамна е пуштено од затвор.

-Лицето е видено деновививе во близина на М.Каменица и информациите ги последивме до надлежнитее со цел да утврдат дали се работи за споменатото лице или за некој друг, додава Велков.

Иако е оштетен голем дел од долниот дел и каросеријата на автомобилот, оштетениот Велков вели дека автомобилот веќе е на поправка и наскоро истиот повторно ќе може да го користи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*