Во ЈЛБ „Илинден“ отворена изложбата „Роднокрајни записи“

Во Делчево отворена изложбата „Роднокрајни записи“. Како што информираше Билјана Петровска, директорката на Јавната локална библиотека „Илинден“ која е организатор на изложбата ова е една од активностите кои установата ги организира како дел од одбележувањето на Месецот на книгата.

-По повод месец октомври, месецот на книгата, ЈЛБ „Илинден“ реализира две активности. Првата активност е изложба на дела од роднокрајни автори насловена како „Роднокрајни записи“. Изложбата је отвораме денес и ќе биде отворена до 1 ноември секој работен ден од 10 до 18 часот во читалната на библиотеката. Сите наши сограѓани можат да ја посетат изложбата но со строго почитување на сите мерки за заштита од КОВИД-19. Имаме роднокрајни автори кои имаа многу издадени дела ќе го земам за професор Трајан Гоцевски, не можеме да ги изложиме сите,одбравме само неколку, рече Петровска.

Таа додаде на оваа изложба има изложено вкупно 76 наслови од 31 роднокраен автор, бројка на роднкорајни автори со која библиотеката се гордее.

Втората активност по повод Месецот на книгата, како што додаде Петровска распиша конкурс на тема „Моќта на кинигата, во ова денешно време“.

-Конкурсот „Моќта на книгата во ова денешно време невреме“ трае до 1 ноември, а право на учество имаат сите ученици до 9 одделение, рече Петровска.

Своите творби како што дополнија од библиотеката учениците можат да ги достават лично во библиотеката или по пошта на адреса, ул „Светозар Марковиќ“ бб.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*