Започна реконструкцијата на делчевската амбуланта

Откако минатата недела започна реконструкцијата на здравствената станица во Македонска Каменица, денес започна реконструкцијата и на делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“. Директорката на установата, информираше дека активностите се реализираат со поддршка на Министерството за здравство, при што со реконструкцијата ќе бидат опфатени најоштетените простории во делчевскиот здравствен дом.

-Како што кажав и минатиот пат, тоа е проект на Министерството за здравство од каде одлучија да се реализираат градежни активности во заедничките простории и холови во установите во М.Каменица и во Делчево каде се работи паралелно. Во Делчево се работат најударните делови, меѓу кои и Ковид-19 центарот. Исто така се започна со работа и во администратитвниот дел во зградата, а во текот на викендот ќе се работат деловите на рентген и лабораторијата каде имаме најсконцентриран дел на пациенти, се со цел за да не се работи во часови кога имаме пациенти, вели Глигоровска.

Реконструкцијата на делчевската здравствена установа како што додаде директорката се реализира по период од две децении.

-Во 1997 година се реновираше скоро цела амбуланта, се реновираше парното, се отвори Центарот за хемодијализа, детскиот оддел и интерно одделение. Оттогаш немаме некои градежни зафати, освен ситни поправки. Во овие 23 години се адаптираше единствено Брзата помош која не е во очајна состојба и истата е оставена за реконструкција за следниот пат. очекувам градежните работи да завршат по еден месец по што се надевам ќе имаме нов лик во амбулантата, додаде Глигоровска.

Глигогорска се осврна и на ситуацијата со Ковид-19 во двете општини и информирапе дека и во овој период зголемен е бројот на пациенти со бронхопневмонии катактеристични за Ковид-19 вирусот.
-Имаме доста болни деновиве, сега на рентген имаме почетни бронхопневмонии од Ковид-19, кои не се во напредната фаза за разлика од минатата недела, кои беа регистирани кај пациенти, кои останаа тука да се лекуават. Дел од контактите на тие пациенти беа неоткриени и затаија поради што мислам дека има повеќе случаи, вели Глигоровска.

Дневно како што додава директорката на делчевскиот здравствен дом на рентген одделението се снимаат по 15 пациенти кои имаат релативно добар наод, но според неа загрижуваат пациентите со бронхопневмонија од минатата недела кои не се тестирале и со тоа ј изложиле на ризик околината во која живеат.

-Минатата недела имаме лош наод кај пациенти за кои тврдам дека се од Ковид-19. Тие останаа дома по нивно барање, матичните не можат да се разберат со пациентите, заради што имам поплака од дел од нив. Во дредени случаи мора со полиција да им укаже на пациентите. кои пак од таа причина се отпишуваат откај лекарите и одат кај други матични кои што не ги праќааат на тестови, што е многу погрешно, бидејки можеби тие пациенти нема да се разболат, но ќе разболат семејство, комшии, роднини и со тоа го загрозуваат јавното здравје, додава Глигоровска.

Апелираше на понатамошно почитување на мерките со цел спречување на ширење на заразата во Делчево.  Во моментот како што информираа од Здравствен дом „Гоце Делчев“ и здравствената станица во М.Каменица има само еден позитивен активен случај на Ковид-19, додека во Делчево на дневно ниво се бележат најмногу до 4 позитивни случаи со коронавирус.

Започна реновирањето на внатрешноста на делчевската амбуланта

Започна реновирањето на внатрешноста на делчевската амбуланта

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 15. Oktober 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*