Ринџи Компани – прва лиценцирана градежна фирма во Делчево

Ринџи Компани е приватна лиценцирана и специјализирана градежна фирма, која е фокусирана кон обезбедување на сите видови на услуги поврзани со архитектура и градежништво.

Основана е во 2003 година во Делчево и со своето долгогодишно искуство е спремна да ги задоволи сите Ваши очекувања.

Главниот тим на Ринџи Компани е составен од еден Магистер Инженер Архитект, двајца Градежни Инженери и еден Градежен Техничар.

Согласно европското законодавство, Ринџи Компани е меѓународно сертифицирана компанија специјализирана и лиценцирана за проектирање, изведба и стручен надзор на градби од втора категорија, со лиценци издадени од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

Во своето работење компанијата ги применува современите европски стандарди и иновации за сигурни, квалитетни и економични објекти.

Ринџи Компани ви нуди сѐ на едно место:

  • Проектирање, архитектонски решенија, дизајнерско изработување на цртежи и рендери по проект
  • Изнаоѓање квалитетни и современи решенија за дизајнирање и реновирање на вашиот дом
  • Изведба
  • Активното вклучување во севкупниот процес на градба преку детално планирање пред почеток на градење на објектот и завршување на обврските во предвидените рокови.
  • Вршење стручен надзор при изградба на објекти од втора категорија
  • Трговија
  • Енергетска ефикасност
  • Консалтинг

Во текот на своето долгогодишно успешно работење, компанијата има изградено значителен број на објекти во градот Делчево и околниот источен регион.

Мисијата на Ринџи Компани е да нуди решенија кои во целост ги задоволуваат потребите на клиентите. Тоа подразбира добивање комплетна услуга со целосно почитување на договорените рокови за реализација на проектите и примена на современите светски трендови и нови технологии. Целта е и граѓаните на Македонија да ги уживаат придобивките од квалитетната изведба на долг рок.

Визијата на Ринџи Компани е постојано унапредување на услугите во архитектурата и градежништвото и развој на нови бизнис активности.

Ринџи Компани е фирма со интегритет која не прави компромиси во однос на сигурноста и квалитетот на изградба.

Тимот на Ринџи Компани е докажан партнер за реализирање на голем број на услуги, за кои гарантираме дека ќе бидете среќни да соработувате со нив.

За партнерството со Ринџи Компани сведочат и големиот број дела овековечени низ повеќе фотографии во продолжение.

Доколку имате некои дополнителни прашања или коментари може да ги побарате на следните тел броеви: 075-416-656; 071-267-363 или на нивната е-пошта ringikompani@yahoo.com.

Проверувајте редовно за новости на официјалната Facebook страница на Ринџи Компани

Видео: https://fb.watch/amP3CTZAth/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*