Украдено возило Сеат „кордоба“ во М.Каменица

Украден автомобил од двор во Македонска Каменица. Илчо Велков вработен како шофер во општина М.Каменица кој е сопственик на украдената Сеат кордоба, вели дека кражбата се случила во текот на изминатата ноќ, а истиот го пријавил во полиција утрово.

-Утрово во 7:30 часот кога се спремав за работа забележав дека го нема авотмобилот и веднаш пријавив во полиција. Се работи за возило Сеат „кордоба“ со бела боја, произведен 1998 година. Лесно се препознава бидејки има сини страки од страните на возилото, вели Велков.

Единствената информација за возилото по кражбата Велков ја добил од вработени во конфекција, кои го информирале дека го забележале возилото како се движи во правец кон Делчево.

-Автомобилот го виделе работници од една наша конфекција. Тие ме известија дека утрово го виделе на патот кон Делчево. Пренесена е оваа информација кон полицијата и очекувам брзгу да се најде, вели Велков.

Доколку некој има било каква информација за украденото возило Велков ги замолува да го контактираат на телефонскиот број 072-577-229. Од полицијата го потврдија случајот. Оттаму велат дека се работи на откривање на крадецот.

Sabajlee mie ukradena kolata koj ja vidi neka mii javi 072577229

Gepostet von Ilco Velkov am Donnerstag, 15. Oktober 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*