Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски со отчет за тригодишното работење

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денес излезе со отчет за сработеното за изминатиот тригодишен мандат. Текстот од отчетот ви го пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани на општина Берово,

-На истекот од тригодишниот период за кој Вие, жителите на Општина Берово, ми ја дадовте својата доверба, пред Вас стоиме со сработеното, со реализираното, од она што го ветивме.

Во изминатиот период, огромна беше честа да се биде Градоначалник на општина Берово, но во исто време беше и голема одговорноста што ја носи функцијата.

Перидот зад нас, следејќи ги приоритетите кои ги дефиниравме заедно со Вас жителите на општина Берово, работевме одговорно и посветено, одговарајќи на вашите потреби и барања, трудејќи се да излеземе во пресрет на секој еден од Вас.

Водејќи се од дадениот збор пред граѓаните, успеавме да реализираме голем број на проекти, за кои идеите потекнуваа од вас граѓаните, бизнис заедницата, а во овој отчет ќе ги издвоиме позначајните.
Во работата ги следевме модерните текови на живеење, кои нудат ефикасно и ефективно искористување на енергијата, на просторот и на сите други расположливи ресурси , што треба да допринесат за квалитетни резултати на долг рок.

Се надевам и искрено верувам дека резултатите и придобивките што граѓаните ги имаат за себе, ќе бидат одржливи и ќе продолжат да траат во годините нанапред.

Водејќи се од начелото на отчетност и транспарентност, врз кои ја темелиме општинската политика, овој отчет е заокружување на трите години локална власт , откако ја превзедов функцијата Градоначалник.

Од поголемите инфраструктурни проекти ќе ги извдоиме следнивe:
Изградена е пешачка патека на река Брегалница, во чии рамки е изграден нов детски парк на ул.,,Партизанска” и нов парково уреден простор кај Основниот суд во Берово.

Во тек е изградба на заштитна ограда и пешачка патека на река Брегалница, Проект од прекугранична соработка “Заштита на жителите од една планина долж две реки”.

Преку проект од прекугранична соработка Бугарија Македонија, на Беровско езеро се решава проблемот со чиста вода за пиење. Во рамките на истиот проект, Општина Берово доби дигитално информативен пункт.

  • Реконструирана е ул.23-ти Август во Центарот на Берово
  • Изградена е ул.Плачковица
  • Реконструирана е дел од улицата ,,Јуриј Гагарин”
  • Изградена ул.,,Прохор Пчински” и водоводна линија на истата
  • Се реконструира водоводната линија на ул ,,Даме Груев”
  • Реконструирана е третата ламела, од Домот за стари лица,,др.Иван Влашки”: каде во тек е внатрешно уредување, по што ќе добиеме уште 10 легла за нови корисници.
  • Изграден е покриен модерен градски пазар.
  • Изградена е улица Којова Ливада
  • Во рамките на проект за атмосферска канализација, асфалтирани се улиците ,,Бел Камен” , ,,11 Октомври” ,,Малешка” , ,,Марксова” ,,Карпош” , ,,Крушевска Република” и ,,Ѓуро Ѓаковиќ”
  • Асфалтирана е улица Борис Кидрич и на истата е поставено улично осветлување.
  • Поставено е улично осветлување и на дел од улица Партизанска.
  • Со улично осветлување е покриен и голем дел од туристичката населба Абланица.
  • Преку декада на Ромите, асфалтирани се улиците ,,Димитрие Туцовиќ” и колско пешачка улица како спој на ул.,,Балканска” и ул.,,Братство и Единство”
  • Изградена е пешачка и вело патека со бехатон плочки, како спој на ул.,,Димитар Влахов” и ул.,,Борис Кидрич”.
  • Со бехатон плочки се изградени три крака од улица Јане Сандански
  • Во населба МИЛО изградена е нова канализациона мрежа за отпадни води
  • Во населба Ширината е пробиена улица.
  • Реконструиран е тротоарот на ул.,,Маршал Тито” , на потегот од полициска станица до кружниот тек
  • Во рамките на проект ,,Одржливо управување со природните ресурси во микро регионот, Пијанец- Малеш, втора фаза, спроведени се активности за подобрување на туристичката понуда во микро регионот Пијанец Малеш.
  • Асфалтирана е улица во с. Смојмирово од регионалниот пат Берово- Делчево, до црквата во селото
  • Изграден е колектор за фекална канализација во с. Будинарци
  • Се врши регулација на дел од коритото на отворен канал во с. Будинарци
  • Изградена е ул.,,3” во с. Мачево
  • Изградена е ул.Моша Пијаде с.Русиново
  • Изградена е ул.4-Боро Алаѓозов с.Русиново
  • Изградена е ул.,,Гоце Делчев” во с. Русиново
  • Изграден е колектор крак 4 и 5 на ул.4-Боро Алаѓозов с.Русиново
  • Изграден е локален пат Владимирово- Мачево
  • Потпорен ѕид во с. Двориште
  • Рехабилитиран е локалниот пат за Безгашчево
  • Реконструирана е ул. 1-ви мај во с. Ратево
  • Реконструирана е колско пешачка улица – крак од ул,,Маршал Тито” во с. Ратево
  • Во тек е Изградба на зафат и цевковод за снабдување со вода за пиење во с.Двориште
  • Во тек е тендерска постапка за изградба на улици во с. Двориште од влезот во селото до Чурилското маало
  • Со поддршка од централната власт
  • Реконструирана е ул.,,Моша Пијаде”
  • Рекунструиран е патот Берово- Клепало
  • Реконструиран е патниот правец Берово Виница

Во сферата на урбанизмот, решен е долгогодишниот проблем со урбанизација на селата Владимирово, Русиново, Ратево и Двориште
Во изминатите години реализиравме голем број ПРОЕКТИ за подобрување на ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИНАСНОСТ:

  • Со нова енергетски ефикасна, звучна и топлинска е променета е столаријата на општинската зграда
  • Променет е подот во канцелариите на општинската администрација
  • Променета е столаријата на Дом на културата ,,Димитар Беровски”
  • Променета е столаријата и на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски
  • Фотоволтаични системи се инсталирани на Пречистителната станица за отпадни води, ООУ Дедо Иљо Малешевски” и ОСУ ,,Ацо Русковски” .

Во рамките на подобрување на условите за учење на учениците, реализирани се следниве проекти:

Во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”:

  • Променета е столаријата
  • Променета е кровната конструкција
  • Обновена е фасадата
  • Набавена е нова санитарна опрема и нов мебел и ентериер
  • Реконструирани спортските терени во Берово и подрачните училишта
  • Во тек се проекти за промена на кровната конструкција и спортските сали во подрачни училишта с. Двориште и с. Митрашинци
  • Променет е подот во училниците во Берово и во с. Двориште
  • Осветлен е спортскиот терен во подрачно училиште во с. Будинарци
  • Се уредува дворната површина во Берово
  • Реконструирани се спортските терени во ООУ ,,Никола Петров Русински’
  • Ограден е училишниот двор
  • Во тек е хортикултурно уредување на дворната површина
  • Во ОСУ ,,Ацо Русковски” во тек е реконструкција на тоалетите со нова модерна и современа опрема е опремен кабинетот за практична настава за туристичката насока
  • Набавени се интерактивни табли за учење Во детската градинка 23 август,
  • Сменета е дел од кровната конструкција во детската градинка во Берово и во село Будинарци, сменета е оградата, а согласно потребните капацитети, во тек е постапка за доградба на 4 нови занимални за престој на најмалите
  • На проектен форум, граѓаните одлучија внатрешно да бидат уредени 4 занимални во детската градинка–обезбедени 2.700.000,00 денари за овој проект, преку Швајцарската агенција за развој и соработка.

Изминативе години, активно работевме и во сферата на Социјална заштита, каде имаме голема реализација на сретства, вратени назад кај граѓаните. Од позначајните проекти ќе ги набројам следниве:

  • Општинската јавна установа за социјална заштита д-р Иван Влашки го прошири капацитетот на 29 легла за корисниците, а во тек е внатрешно уредување на третата ламела, која што ќе обезбеди уште нови 10 легла.
  • 2000 ДЕНАРИ годинава добија сите првачиња од основните училишта
  • 2000 ДЕНАРИ добија учениците ОД ПРВА ГОДИНА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
  • 5000 ДЕНАРИ од Буџетот на општина Берово се исплаќаат за секое новородено дете
  • Доделуваме стипендии за талентирани ученици од средното образование по 2000 денари месечно
  • Преку програмата за општинско корисна работа 25 лица добија платен ангажман а околу 300 крајни корисници од социјално ранлива категорија можат да ги користат нивните услуги
  • Преку МТСП ќе се набави опрема и средство за транспорт за помош и нега на стари лица во домашни услови во руралните средини
  • До моментот додека настапи пандемијата од КОВИД 19,

Реализиравме и голем број на проекти од културата

  • Настапија познати музички имиња на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ
  • Реализирани се Голем број на ПРЕСТАВИ, БОГАТА НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА и голем број на КОНЦЕРТИ НА Културно уметничкото друштво при Дом на културата Димитар Беровски и СТАРОГРАДСКИ ОРКЕСТАР
  • Пред беровската публика, прикажани се повеќе ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ

Изминатиот период граѓаните добија ПОДОБРЕНИ КОМУНАЛНИТЕ УСЛУГИ во чии рамки:

  • Зголемен e опфатот на подигнување на комунален отпад во селските населби
  • Изграадена е нова парцела со која се проширени градските гробишта и е извршено ентериерно доуредување на градската капела.
  • Возниот парк НА ЈПКР,,УСЛУГА” БЕРОВО е збогатен со :
  • Зелена машина за почисти улици и подобар јавен сервис
  • половно возило за собирање на смет
  • Ново возило за европски третман во управување со отпадот
  • кипер за подобри комунални услуги
  • возило за чистење на канализација
  • 2 половни трактори за јавна чистота и за собирање смет
  • ровокопач
  • Со теренско возило е збогатен возниот парк на ТППЕ Берово
  • За полесно извршување на општинските услуги кон граѓаните, збогатен е возниот парк на општина Берово, со половно ПЕЖО 207, како донација од УНДП

Градиме стратегии за континуиран развој на Берово. Како стратешки документи, кои ќе допринесат за долгорочен развој на општина Берово, изготвени се:

  • Интегриран план за развој на општина Берово
  • Стратегија за туризам
  • Програма за енергетска ефикасност
  • Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на општина Берово

Во 2019 година општина Берово е на врвот на листата за транспарентност во Источниот регион

Домаќинското работење на општината и Одлуката на Владата за финансиска поддршка на општините, ја доведоа општина Берово во стабилна финансиска состојба, со одблокирана сметка и со тековно сервисирање на долговите кон доверителите.

-Ја подобруваме транспарентноста на Советот на општина Берово, инсталирана е опрема за пренос на Седниците на Совет, во живо

Во целокупната работа и ангажман имавме и партнери, кои со својата ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ придонесоа за збогатување на содржините во Берово:

  • Во соработка со општествено одговорна компанија ЗЕГИН Нови детски реквизити се поставени на кеј на река Брегалница
  • Во соработка со скопска пивара поставен е летниковец
  • За складирање на отпад, во соработка со ПАКОМАК, инсталирани се специјализирани контејнери за стакло
  • За унапредување на сервисот на улично осветлување, ЕВН донира специјализирано возило на општина Берово
  • Од Програмата ,,Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”, во соработка со Центарот за развој на источно плански регион, поставена е агро-метеоролошка станица за заштита на земјоделските култури
  • -За подобрување на општинските услуги, нашиот сограѓанин Дамјан Карпузовски од с. Русиново- Берово, кој живее и работи во Германија, донира 56 сочувани половни лаптоп компјутери
  • На ученици средношколци им е овозможено да ја посетат европската престолнина во Брисел
  • Фондација ,,Блгарска Памет” на др. Милен Врбевски, обезбеди 20 компјутери, како донација за учениците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

Како мотивација и поттикнување на повисоки резултати во образованието, најдобрите ученици од основните и средното училиште парично се наградуваат.

Како резултат на реализирани Еко проекти и грижа за животната средина, Берово во 2020 година е прогласена за нај ЕКО општина на конкурсот на Пакомак и Шпаркасе Банка, за што ќе добие и соодветна награда.

Општина Берово, годинава обезбеди 3.000.000,00 денари, за реконструкција на Манастирот Св. Архангел Михаил, за зачувување на културините вредности.

Изминуваат три години, откако Вие граѓаните ми ја дадовте довербата и воедно три години откако заедно со Вас, се трудиме Берово да го направиме пристојно место за сите, со соодветна урбана и рурална инфраструктура, чиста и здрава животна средина и брз социоекономски развој.

Гледајќи ги изборната Програма 2017 – 2021 и Очетот, ќе видиме дека голем дел од ветеното е остварено, но и дека се реализирани проекти надвор од Програмата.

Ви благодарам на досегашната доверба и поддршка, со ветување дека нашата одговорност и понатаму ќе биде подеднаква кон секој граѓанин на општина Берово.

НА КРАЈОТ, КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БЕРОВО, ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОДОБРО УТРЕ НА НАС И НА НАШИТЕ ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ, ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН И УДОБЕН ЖИВОТ НА СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ, ВЕ ПОВИКУВАМ СО ЗЕДНИЧКИ СИЛИ И МНОГУ РАБОТА, ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО РАЗВОЈОТ И НАПРЕДОКОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО.

Електронската верзија на отчетот може да ја преземете на следниот линк:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*