Општина Делчево доби близу 800 илјади евра за подобрување на локалната патна инфраструктура. Средствата како што информираат надлежните се обезбедени во рамки на проектот за поврзување локални патишта во РСМ кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка.
Во рамките на овој проект, како што информираат надлежните општината во првата фаза аплицираше за реализација на неколку потпроекти.
-Меѓу нив и реконструкција на улицата „Орце Николов“ во должина од 500 метри со изградба на тротоари, реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 250 метрисо изградба на тротоари, реконструкција на дел од ул „Острец“ во должина од околу 100 метри со изградба на потпорен ѕид и тротоари, како и изградба на стариот локален пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км заедно со инсталирање систем за одводнување со отворен канал и пропусти, информираа надлежните.Реконструкцијата на овие улици спореде надлежните ќе придонесе кон значително подобрување на состојбата со патната инфраструктура во Општината.
-Тоа ќе значи решавање клучни проблеми, а секако и подобар квалитет на животот на граѓаните, бидејќи станува збор за улици кои се доста фреквентни. Покрај општествената одговорност, проектот има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот, информираа од Општината.
Во однос на подобрувањето на патната инфраструктура во Делечво во моментот како што додадоа надлежните, привршува изградбата на неколку улици во градот, кои наскоро според планираното ќе бидат асфалтирани.
Leave a Reply