Заврши втората фаза од проектот „Поддршка на ранливите категории во услови на Ковид-19“

Со доделување таблети за маргинализирани групи и Роми, во Делчево заврши втората фаза од имплементацијата на проектот „Поддршка за ранливите категории во услови на Ковид-19“. Според предвидените активности на невладината организација „Тернипе МК“ од Делчево, денес таблети за следење настава добија ученици од деветолетката „Св.Климент Охридски“.

-Заклучно со денешните 10 таблети, со проектот имаме опфатено вкупно 45  ученици од ранливите категории и ученици Роми од Делчево кои добија таблети. Обврска на учениците е таблетите да ги користат како алатка за полесно извршување на обврските кои ги наметнува онлајн наставата, истакна Зенил Реџепов од невладината „Тернипе МК“.

Со оваа активност како што додаде советникот за образование при општина Делчево Ванчо Новоселски се олеснува комуникацијата на релација наставник – ученик.

-Овие таблети се од огромно означење за оние ученици кои досега немаа таква можност, за подобра онлајн комуникација со своите наставниците и класните раководителите, рече Новоселски.

Директорот на деветолетката Горан Димитровски се заблагодари на донацијата, изразувајки надеж дека соработката со Невладината организаија ќе продолжи и понатаму.

Невладината „Тернипе МК“ проектот „Поддршка за ранливите категории во услови на Ковид-19“ го реализира со поддршка од Владата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*