Без поголеми групирања во делчевско продолжи традицијата „Во Селник на Петковден“

Без поголеми групирања денес во делечвското село Селник, продолжи традицијата наречена „Во Селник на Петковден“.  Како дел од христијанските верувања, според кои денес се слави заштитничката „Св.Петка“, во една од најстарите цркви во Пијанечкиот регион која е заштитена од државата, денес верниците единствено можеа да запалат свеќа и да се помолат за свое и за здравје на своите најблиски. 

Од црковниот одбор информираа дека традиционалната заедничка трпеза на љубовта, поради рестрикциите за групирања поради Ковид-19 ќе изостане.

-Одлучивме оваа година во село Селник црквата да биде отворена, црвкониот одбор за таа цел го расчисти теренот, ручек нема да се служи, додека верниците можат да си запалат свеќа, да се помоли за здравје и потоа да се вратат назад, вели Миле Стојановски член на црковниот одбор.

-„Св.Петка“ како што знаете дека во село Селник се слави од 14 или 16 век се претпоставува. Масовно се славеше во изминатите години но оваа година поради коронавирусот моравме да бидеме воздржани и да бидеме во намален број, Може кој сака да си запали свеќа, да си остави дар на црквата, ручек поради забраните не смееме да служиме. На сите верници им посакувам се најдобро особено на болните им посакувам да оздрават што поскоро и здравје догодоина сите да се собереме во што поголем број, додаде Љупчо Стојановски, исто така член на црковниот одбор во Селник.

Сепак црквата како и секогаш не остана празна па така освен од Делчево имаше и верници од Скопје кои дојдоа и се помолија на светителката чие име денес го празнуваат христијаните.

-Знаеме дека е една од постарите цркви, го почоитуваме празникот, когас сме во можност доаѓаме, најстара црква од постоењето на нашата нација. Не дозволува короната да се прослави како минатите години, но кој почитува доаѓа, пали свеќа за здравје и си оди, велат Младен и Вера Ѓорѓиевски од Делчево.

-Празникот е благословен од Бога и е даден селото да го слави и да помага на мештаните овде. Секоја година сме овде за благосостојба живот и здравје на нас и на сите, вели верничка од Скопје по потекло од Селник.

Освен во село Селник денес по повод празникот Петковден свеќи за здравје се палеа уште во неколку други села меѓу кои Тработивиште, Вртиславци и други.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*