Анкета: Што мислат граѓаните на Делчево за задолжителното носење заштини маски на отворен простор

Одлуката за задолжително носење на заштитни маски на отворен простор која синоќа беше усвоена од страна на македонското собрание, за повеќето граѓани на Делчево е исправна. Во анкета направена на оваа тема, повеќето од делчевци, сепак велат дека иако е обврзувачка, оваа одлука нема да се почитува од повеќето граѓани.

-Носиме редовно но џабе носиме, еден носи маска, пет луѓе не носат. Сами гледате дека не се почитува, ако се почитува, бргу се ќе заврши, но не се почитува, вели граѓанин на Делчево.

-Ако науката тврди дека треба да се носат, тогаш треба да се почитува, без ралика дали е за маска, за друго, треба да се почитуваат законските мерки. Значи треба да бидеме дисциплинирани но за жал не сме дисциплинирани, тоа е проблемот, велат граѓани од соседните општини кои денес го псоетија Делчево.

Меѓу анкетираните имаше и лица кои не ја слушнале веста за донесената одлука за задолжително носење заштитна маска на улица поради што истата не ја носеа, но сепак, рекоа дека одлуката ќе ја почитуваат. 

-Не сум слушнал за донесената одлука, но подобро е со маска секако, се сложувам дека треба самите да си водиме ред, вели жител на Делчево.

Се чини најголем проблем за носењето заштитна маска на отворено ќе претставува за лицата со оштетен вид, кои рекоа дека понекогаш носењето маска повеќе им создава потешкотии во движењето.

-Јас на едното око не гледам добро и носам очила и сега ми се замаглуваат стаклата на очилата и знам да паднам поради тоа. Затоа не ја ставам на нос, инаку сум за носење маска на отворено, мора да се носи, тоа не е тешка работа, вели анкетирана граѓанка на Делчево.

Како и да е носењето заштитна маска на отворен простор, од денес станува задолжително, освен за одредени категории на граѓани. За непочитувањето на одлуката ќе следува казна од 20 евра во денарска противвредност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*