Електронска наплата, брзо плаќање, внесување состојба на водомер, како и пријавување проблем со водоснабдувањето и останатите услуги. Ова се само низа од новитетите, кои од неодамна ги воведе делчевското јавно комунално претпријатие „Брегалница“, кои како што изјавија од претпријатието се овозможени преку новата веб-страница.
-Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Делчево од неодамна има нова веб-страница, на која покрај гореспоменатите услуги, граѓаните можат да најдат и информации за самото претпријатие, како и известувања, вести и информации поврзани со секојдневното работење и појавата на дефекти и прекини во водоснабдувањето, информираа надлежните.
Освен веб-страницата, како што додаваат, во делот за корпоративен развој од проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, во тек е ажурирање на податоците за корисниците.
-Исто така неодамна е инсталиран и нов хардвер како и софтвер за подобрување на услугите кон нашите. Во рамки на техничкиот дел на проектот во тек е избор на изведувач за изградба на пречистителна станица за вода за пиење, резервоари, подземни бунари како и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, финансиран од Швајцарската Влада, додадоа од претпријатието.
Од ЈКП „Брегалница“ очекуваат во месец јануари 2021 година да биде распишан тендерот за поврзување на селата Габрово и Ѕвегор до новата станица. Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево како што додадоа е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и истиот е во вкупна вредност од 7,2 милиони швајцарски франци.
Leave a Reply