Општина Делчево се вклучи во глобалната акција за борба против гладот која ја реализира Црвениот крст преку ОО на Црвениот крст Делчево.
Во рамките на акцијата, денеска претставници од ОО на Црвениот крст Делчево, пратеничката во македонското собрание Соња Михаиловска и градоначалникот Горан Трајковски посетија семејства во с. Вирче и Тработивиште кои живеат во социјален ризик при што доделија и хуманитарни пакети со прехранбени производи. Пакетите се обезбедени од Општина Делчево.

Во двете населени места како што информираа од општината се реализираа средби со жителите со цел да се слушнат потребите на граѓаните и приоритетите за решавање.
Инаку, ОО на Црвен крст Делчево за потребите за реализација на акцијата за „Недела на борбата против гладот“ и кампањата „Помислете и на нас“ организираше неколку собирни хуманитарни акции на кои граѓаните можеа да донираат прехранбени пакети и финансиски средства.
Исто така, во кампањата, освен Општина Делчево се вклучи и бизнис- секторот. Од собраните средства и даруваните прехранбени продукти, беа направени 14 прехранбени пакети.

Leave a Reply