МВР: Дваесет и четири годишник од Делчево лишен од слобода поради силување

Дваесет и четири годишник од Делчево утрово е лишен од слобода откако претходно бил пријавен за обљуба врз женско лице од Делчево. Случајот како што стои во извештајот од Полициското одделение од општа надлежност Делчево бил пријавен утрово во 1:30 часот од страна на роднина на пријавената.

-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 31 октомври 2020 во 06:45 часот го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево, пријавениот извршил обљуба врз неа, се вели во полицискиот извештај.

Обљубата како што навело лицето кое го пријавило случајот е извршена под закана.

Како што стои во продолжението од текстот се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Линк од објавата на МВР за случајот: https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/2036

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*