Одржан координативен состанок за мерките за превенција од коронавирус на територијата на Општина Делчево

Координативното тело  на Општина Делчево за справување со ковид 19 денеска одржа координативен состанок на кој се донесоа нови заклучоци согласно со насоките од Владата на РСМ и Дирекцијата за заштита и спасување, а со цел намалување и спречување на ширењето на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево.  

На состанокот како што стои во објавата на општинскиот веб портал присуствуваа одговорни лица од Одделението за заштита и спасување, комуналните редари од Општинскиот инспекторат, како и од ТППЕ Делчево и притоа е заклучено Општина Делчево заедно со ТППЕ, комуналните редари и ЈКП „Брегалница“ да ги интензивираат мерките за превенција од ковид 19 на територијата на Општина Делчево:

– да се интензивира дезинфекцијата на објектите на општината, основните и средните училишта, градинката, редовна дезинфекција на целата територија на Општина Делчево;

– да се затворат јавните детски игралишта со видно обележување за забрана за нивно користење;

– куќните совети и управителите се задолжуваат да вршат интензивна дезинфекција на станбените објекти;

– континуирана дезинфекција пред маркетите, аптеките, поштите, банките, пазарите, како и сите други фреквентни места на територијата на Општината;

– да се почитува забраната за групирање на јавен простор и останатите мерки предвидени во Законот за здравствена заштита на населението.

-надлежните инспексицски служби ќе вршат редовна и вонредна контрола на сите јавни и услужни објекти во врска со почитувањето и спроведувањето на предвидените мерки за заштита;

Исто така, донесен е заклучок за интензивирање на медиумската кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за почитување на мерките за заштита од ковид 19.

Инаку, ажурирањето на планските документи на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Делчево е завршено, а Општина Делчево има набавено доволно средства за дезинфекција и други потребни материјали.

Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до граѓаните и сопствениците на трговските, услужните и угостителските објекти на територија на Општина Делчево за почитување и строго придржување и спроведување на досега пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.  Воедно, се апелира до граѓаните најсовесно и наодговорно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и со свој личен пример да придонесат во зачувување на колективното здравје.

Носете маска-не се групирајте-бидете одговорни!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*