Општина Делчево од понеделник воведува двосменско работење

Од 2 ноември 2020 година општинската администрација во Делчево воведува двосменско работење, согласно со насоките и препораките во врска со потребата за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (КОРОНА ВИРУС).

РАБОТНОТО ВРЕМЕ од понеделник, 2 ноември, ќе се организира во групи  на неделна основа и ќе  започнува од 07.30 часот-12.30 часот (прва група) и 12.30 часот17.30 часот (втора група) без користење дневна пауза.

Исто така, Општина Делчево потсетува дека граѓаните можат да ги доставуваат своите барања електронски или по писмен пат во Општинскиот центар за услуги, а доколку имаат потреба од лична комуникација со одредени служби, да ги почитуваат законските уредби и препораките за заштита од болеста ковид-19, односно граѓаните задолжително да носат маски за заштита на лицето и да држат растојание на обележените места.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*