Анкета: Делчевчани задоволни од сработеното на локалната власт и побараа во иднина повеќе работа на патиштата во реоните и селата

Граѓаните на Делчево генерално задоволни од сработеното во општината во изминатите три години. Во анкетата направена со делчевчани за работата на градоначалникот Горан Трајковски, кој денес излезе со отчет за сработеното за тригодишниот мандат, најголем дел од нив рекоа дека имајки ги предвид, дел од реализираните проекти во градот, општината се движи во добар правец

-Јас ми се чини дека се трудат и добро е постигнато за три години, вели жител на Делчево.

-Задоволна сум зошто да не, добро си ја работат работата, вели друга анкетирана граѓанка.

-Јас денеска баш на интернет го гледав отчетот, многу е сработено со тие проекти. Генерално сме задоволни, се работи и јас како граѓанин и не јас туку сите сме благодарни. Тој е еден од тие што најмногу направиле во градот, вели анкетиран граѓанин.

-Супер е добро се напредува и така да продолжат, дециден е уште еден од анкетираните граѓани.

Она на што според граѓаните во иднина треба да се обрне внимание е да се посвети поголемо внимание на селските патишта, како и на изградба или реконструкција на маалските улици во погорните реони на Делчево.

-Во иднина малите улички и сокаците, за населба трети реон зборувам, додава граѓанка.

-Малку и на селските патишта да се обрне внимание, не може да се пријде со возила. Сепак во иднина ако работат, како сега што работат добро ќе биде, велат група анкетирани граѓани на Делчево.

Меѓу анкетираните имаше и граѓани кои немаа свој коментар или своето мислење го зачуваа за себе. Рекоа дека политика не ги интересира, а властите како што додадоа треба да го работат она, за што се платени од граѓаните.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*