Во Делчево завршува изграбата на нов терен за одбојка. Теренот како што информираат надлежните се гради на местото на поранешното одбојкарското игралиште во кругот на деветолетката „Ванчо Прке“, кое во наредниот период ќе биде асфалтирано.
-Изградбата на одбојкарското игралиште во училиштето кое е со површина од 345 м2 е дел од проектот за 2020 година, каде претходно беа реализирани зафати за реконсрукција на кровот, прозорците и подот на спортската сала, реконструкција и изградба на пристапните патеки кај главниот и задниот влез на објектот, а беше поставена и рампа за инвалидизирани лица, информираа надлежните.
Вкупната инвестиција на проектот како што додадоа е 2,7 милиони денари.
-Средствата се обезбедени од буџетот на училиштето, а согласно следните планирани активности во ООУ „Ванчо Прке“ целосно е планирано завршување на дворната ограда, како и фасадата на училишната зграда, додадоа од училиштето.
Училиштето за реализација на гореспоменатите активности има добиено согласност од Фондот за капитални инвестиции од Светска банка.
Leave a Reply