Во Берово започна изработката на предлог програмата за работа за 2021 година

Во општина Берово започна изработката на предлог програмата за работа за 2021 година. За нејзино изготвување, како што информираа надлежните, оваа година поради пандемијата ќе изостанат Форумите во заедницата, заради што апелираа граѓаните своите предлози да ги доставуваат до месните заедници или по електронски пат на официјалната е-адреса на општината.

-Поради состојбата со пандемијата од КОВИД-19, во цела држава, па и кај нас, оваа година нема да организираме средби со граѓаните, преставниците на месните заедници и форуми во заедницата, кои собири веќе неколку години се вообичаена пракса, пред донесување на Буџетот на општината. Од тие причини, а во интерес на зачувување на сопственото и колективното здравје, ги повикуваме сите граѓани, граѓански организации, преставници на бизнис заедницата, месни заедници, и сите заинтересирани, да дадат свој предлог за реализација, кој сметаат дека е приоритетен, во соодветна писмена или електронска форма на општинскиот мејл, најдоцна до 16 ноември.2020 година, со што ќе дадат свој придонес во донесувањето на одлуките на локално ниво, информираа од Општина Берово.

Проектите, потоа како што додаваат ќе поминат низ соодветен процес на селекција, по што ќе бидат ставени на разгледување од страна на беровскиот Совет.

-Оваа постапка е неминовна поради согледување на можноста за реализација, од имотно правен и урбанистички аспект, после што прифатливите проекти, ќе бидат дадени на онлајн гласање, по што дел од нив, за кои граѓаните ќе одлучат дека се приоритет, ќе бидат соодветно вметнати за реализација во програмите и Буџетот на општина Берово за 2021 година, додадоа од Општината.

Според планираното седница на Советот на општина Берово на која ќе се разгледуваат предлозите на граѓаните е закажана за месец декември 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*