Делчевското комунално претпријатие со негативен биланс го заврши третиот квартал од годината

Делчевското комунално претпријатие третиот квартален период од годината го заврши со негативен биланс од 367 илјади денари. Како најголема причина за ваквиот показател, директорот на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Стојче Стојковски, ги наведе моменталните услови за работа, наметнати со здравствената пандемија.

-Ваквиот финансиски резултат е од две причини, од една имаме намалени приходи, поради состојбата со намалена потрошувачка на вода за пиење и намалени приходи од таа дејност, вода канализација и мал дел на смет, како и намалени приходи од полигон и пазарна такса. Приходите за вода се намалени во износ од 783 илјади денари, таксата за полигон во споредба со лани е намалена за 98 илјади денари и таксата од градскиот пазар поради неработењето на пазарот поради одлуката за заштита од коронавирус е намалена во висина од 240 илјади денари, рече Стојковски.

Поради порастот на минималната плата, претпријатието како што додаде Стојковски бележи исто така зголемување на своите расходи, што се одразува на финансиската сотојба на претпријатието.

-Досега како расходи во делот на плати, имаме покачени расходи за 1,7 милиони денари поради покачување на минималната бруто плата, која сега е 21,776 денари на ист број на вработени. И покрај тоа што овој трет квартален период Јавното претпријатие го завршува со негативен финансиски резултат, очекуваме да се подобри финансиската состојба до крајот на годината, имајки ги во предвид набавките и трошоците кои се извршени се во текот на првото полугодите од годината, додаде Стојковски.

Во меѓувреме претпријатието ја утврди цената на висината на надоместокот за користење на градската капела. Согласно одлуката на управниот одбор, висината на надоместокот за користење на мртовечница со ладилник (капела) на градски гробишта Делчево е 2.000 денари, одлука коај доби поддршка и од Советот на општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*