Заврши изградбата на последниот крак од фекалната канализација во делчевската населба Басарица. Со активностите кои опфаќаа изградба на фекална канализација во должина од 290 метри, како што информираа надлежните, целосно е решен проблемот со отпадните води во населбите Полето и Басарицa.
-Екипите на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ ја завршија изградбата на последниот крак од фекалната канализација на потегот Басарица – село Полето. Станува збор за изградба на фекална канализација во должина од 290 метри и поврзување на системот на населбата Басрица и колекторот. Со овие градежни зафати комплетно се реши проблемот со отпадните води во делот на Басарица и село Полето, информираа наделжните.

Минатата година на потегот Басарица-с.Полето, како што додадоа беше изградена фекална канализација во должина од 2 километри
-Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, додека ДДВ-то во висина од 18 проценти ќе биде платени од општински средства, додадоа надлежните.
Инвестицијата за изградба на последниот крак од фекалнта канализација во Басарица е на Општина Делчево, а работите ги извршува ЈКП „Брегалница“.
Leave a Reply