Во Македонска Каменица се поголем бројот на активни случаи со Ковид-19. Двете општини кои фигурираат заеднички во статистиката на Министерството за здравство, заедно имаат 170 активни случаи, од кои 86 од почетокот на пандемијата се регистрирани во М.Каменица, додека моментално таму има околу 50 активни случаи. Од хигиено-епидемилошкото одделение во Делчево информираат дека помеѓу позитивните има вработени во Рудник Саса. Од компанијата потврдија дека во моментот има 19 лица кои се инфицирани со вирусот, од кои присуство на вирусот е регистриран кај 5 лица кои доаѓаат од надворешно компании кои сорбаотуваат со рудникот.
– Рудник Саса во моментот има 14 вработени кои се тестирани како позитивни на Ковид-19 и вкупно четири лица кои се во изолација, како резултат на близок контакт со лица позитивни на вирусот. Кај надворешните компании кои соработуваат со рудникот идентификувани се дополнителни пет лица инфицирани со вирусот и сите се наоѓаат во изолација. Рудник Саса и понатаму ќе продолжи да ги презема сите активности, со цел да се превенира ширењето на вирусот и да се обезбеди сигурноста и заштитата на здравјето на вработените во рудникот и на нашите сограѓани, се вели во информацијата од рудникот.

Оттаму додаваат дека вработените редовно се информирани за здравствената состојба во компанијата, како и за мерките, кои треба да ги почитуваат за да го заштитат сопственото и здравјето на другите.
-Рудник Саса, уште од самиот почеток на епидемијата во нашата земја, континуирано ја следи состојбата и ги спроведува сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19, утврдени од надлежните државните институции, а има усвоено и дополнителни интерни протоколи и мерки за заштита. Направен е детален преглед на сите работни активности со цел да се осигура дека може да се обезбеди неопходното социјално растојание. Беа идентификувани и заштитени најранливите категории вработени, а сите кои можат да работат од дома се охрабрија да го сторат тоа. Истовремено се ограничија и сите надворешни посети во рамки на целиот руднички комплекс, додадоа од рудникот.
Како што додаваат од рудник Саса, согласно активностите на компанијата, Координативното тело за превенција и борба против ширење на Ковид-19, заедно со медицинскиот тим на рудникот ќе продолжат секојдневно ја следи здравствената состојба на сите вработени, преку спроведување епидемиолошки анкетни разговори, вклучително и тестирања на лица според соодветна индикација, а исто така ќе бидат донесени и дополнителни мерки за заштита на здравјето на вработените.

Во насока на обезбедување помош на регионално и на национално ниво во борбата со вирусот Ковид-19, Рудник Саса досега обезбеди финансиски средства и донации кои вклучуваа набавка на дополнителна медицинска опрема за болницата во Кочани. Компанијата како што се наведува во нивното соопштение значајно придонесува во националниот фонд за борба против пандемијата и набавка на дополнителна опрема за лична заштита од Ковид-19, не само за сите вработени во САСА, туку и за медицинскиот персонал и членовите на локалната заедница.
Leave a Reply