Градската капела во Делчево од понеделник ќе биде ставена во функција

Градската капела во Делчево од понеделник, 16 ноември 2020, ќе биде ставена во функција. Надлежните информираа дека согласно со протоколите за работа, градската капела која има карактер на јавен комунален објект, ќе работи 24 часа со соодветни дежурства на одговорните лица во капелата. 

-Според планираното за употреба на капелата, со специјално возило на операторот кој врши погребни услуги на територијата на Ошштина Делчево починатото лице ќе се презема од местото каде што починало, а понатамошните протоколи предвидуваат чување во ладилник на починатото лице, како и изложување на одарот во посебна просторија за таа намена определена за верски објекти и оддавање последна почит, два часа пред времето определено за погреб, информираа надлежните.

Во овој период на пандемија, како што додадоа надлежните граѓаните треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од ковид 19, а во таа смисла нема да се дозволи поголемо групирање при погреби.

-Во градската капела ќе се врши честа дезинфекција, по секој извршен погреб. Исто така, правилникот укажува дека посмртните останки на лица починати од заразни болести нема да се изложуваат на одар, а телото ќе се чува во ладилникот на капелата само во лимен ковчег кој не смее да се отвора. Палење свеќи ќе биде дозволено само на определено место за таа намена, додека храна и пијалоци можат да се внесуваат само во соодветна просторија, додадоа надлежните.

Висината на надоместокот за користење на мртовечница со ладилник (капела) на градски гробишта Делчево изнесува 2.000 денари. Изградбата на градската капела е инвестиција на Општина Делчево, вредна 7 милиони  денари со вклучен ДДВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*