Амбиенталниот воздух во Делчево се позагаден, сметаат граѓаните!

Загадувањето на амбиенталниот воздух во Делчево е се поголемо, поради што граѓаните јавно ги осудија загадувачите. Според нив во Делчево во последно време се повеќе се употребуваат синтетички материјали за огрев, нешто кое според нив е најзабележливо во воздухот особено во вечерните часови, поради што како што додаваат и загадувањето е големо.

-Се става се и сешто во печките, пластика, текстил и секакви работи. Не само во Први реон и Втори реон и Трети, еве вчера бев во посета на Милково Брдо, тоа е страшно. Го нема повеќе тој воздух што го имаше некогаш, вели жител на населбата Први реон.

-Обично тоа го прават луѓе кои имаат парно греење и користат синтетика, гуми и други материјали, додава жител на населбата Милково Брдо.

-Иако се сметаме за подрачје кое се наоѓа во планинскиот дел и каде треба да имаме чист воздух, сепак навечер може да се осети она, што треба да заврши на некоое посоодветни место, додава младиот Борче Димитровски од Делчево.

Како претставник на Невалдиниот сектор од каде доаѓа, Димитровски очекува подобрување на ваквата состојба, само со колективна промена на свеста кај луѓето.

-Ќе треба малку колективно да работиме на некои подобрувања, бидејки и огревот со дрво не е многу еколошки, нели најавуваат некои гасни системи што треба да дојдат и треба да ја променат оваа состојба, но сега за сега, решенијата се малку подалечни, вели Борче Димитровски.

Со цел подобрување на состојбата со загадувањето, група ентузијасти најавуваат петиција со која ќе побараат поголем надзор над загадувачите. Во меѓувреме, во насока на спречување на загадувањето, денес надлежните најавија зголемени инспекциски контроли и казни за загадувачите кои користат недозволени средства за затоплување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*