Вонредни контроли за заштита на амбиенталниот воздух во Делчево

Општина Делчево започнува вонредни контроли за заштита на амбиенталниот воздух. За таа цел надлежните ги информираат граѓаните, правните и физичките лица дека е забрането користење штетен материјал за затоплување на своите домови.

-Со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со законскитр одредби, се забранува на индивидуалните или на деловните објекти како огревен материјал за затоплување да користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков друг вид отпад кои при согорувањето испуштаат отровни материи и го загадуваат амбиенталниот воздух. Исто така, строго е забрането од страна на текстилните фабрики издавање отпаден материјал (отпаден текстил) на физички лица, информираа надлежните.

Според Законот за животна средина како што додадоа, сите инсталации треба да имаат изготвено елаборати за заштита на животната средина во кој е строго определено кое огревно средство се користи.

-Општина Делчево соопштува дека инспекциските служби ќе вршат вонреден инспекциски надзор посебно во инсталациите каде има значителни емисии во амбиенталниот воздух и согласно со законските одредби ќе се преземаат соодветни казнени мерки, додадоа надлежните.

При неодамнешна анкета направена со граѓаните на Делчево, дрвото беше посочено како основно средство за огрев.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*