Благата есен ја продолжи сезоната на печурки во Пијанец

Благата есен ја продолжи сезоната на есенските печурки во Пијанец. Во овој регион во последните две недели најмногу може да се сретне печурката бриковка, која на искусните печуркари им носи солиден приход. Дневно, како што вели делчевецот Трајчо Гоцевски, во неговиот откупен центар се откупуваат од 2 до 3 тони, печурка

-Оваа есен се уште има одредена влага во почвата која се одрази да се појави пак печурката вргаљ, во некои помали количини има „рујница“ или народски кажано „бриковка“ или „боровка“. Има луѓе што можат да најдат и по 100, 200 килограми на ден. Исто така го има и боровиот „вргањ“ кој е актуелен кај нас поради боровата шума, го има во изобилство и луѓето се заинтересирани да го собираат. Во однос на количината боров и лигав врган и рујницадневно откупувам по 2-3 тона, додека само вргањ во помали количини, вели Гоцевски.

Магловитите утра, според него ќе ги задржат печурките во шумите уште најмалку две недели.

-Печурката бриковка деновиве е најизразена во атарот на село Драмче, додека останатите печурки може да се најдат во селата Вирче, Тработивиште и Разловци. Цената на врганот е поголема, стандардно рујницата има цена од 70 денари за прва класа, втора класа е 30 денари. Во однос на квалитетот есенскиот вргањ има подобар квалитет од пролетниот. Бриковката е исто така добра, се уште се држи поради ладните ноќи не работи црвот, ако има повисоки температури ќе почне да црвосува, додава Гоцевски.

Делчевскиот откупувач апелира до собирачите на печурки, да внимаваат на отровните печурки, кои не треба воопшто да се собираат.

-Во големо изобилство има една печурка слична на јајчарката, по самата печурка има бели точки не треба никој да не ја ни бере, додава Гоцевски.

Рекордот на најголема количина пронајдени печурки деновиве ја држи жител на М.Каменица. Тој за два дена успеал да собере 400 килограми печурки, што е и негов личен рекорд.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*