Триесет и пет дечиња од Делчево кои посетуваат градинка, заминуваат во изолација, откако кај две воспитувачки и едно од децата во градинката ,,Весели Цветови” е утврдено присуство на вирусот Ковид-19. Директорката на градинката Билјана Симовска информираше дека освен дечињата по насока на епидемиолог во изолација одат и 4 негувателки и 1 воспитувачка.
-Една од негувателките кои одат во изолација е веќе тестирана и е негативна на вирусот, додека останатите три негувателки ќе се тестираат во вторник исто како и една воспитувачка која исто така ќе се тестира во вторник. Ова практично значи дека во изолација ќе бидат 3 воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект, информираше Симовска.
Во текот на денешниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект, а во текот на утрешниот ден како што додаде, ќе се изврши дезинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.
-Од страна на градинката доследно се почитуваат протоколите дадени од Министерството за здравство како од страна на вработените, така и од страна на родителите и така и ќе продолжи установата. Во меѓувреме се преземаат сите мерки на безбедност и претпазливост, во координација со епидемиолог и санитарен инспектор, додаде Симовска.
Во објектот бр.1 или таканаречена горна градинка, директорката на ОЈУДГ ,,Весели Цветови”, додаде дека се’ се одвива во најдобар ред и групите работат
Leave a Reply