Во тек е јавна анкета за креирање на општинскиот буџет за 2021 година

Во Делчево во тек е јавна анкета за креирање на општинскиот буџет за 2021 година. Од општината информираа дека со пополнување формулар на општинската веб-страна граѓаните активно можат да се вклучат во креирањето приоритети за реализација за 2021 година.

-Општина Делчево објави јавна анкета со цел одговорите на граѓаните да дадат насоки и предлози за креирање на буџетот на Општина Делчево за 2021 гoдина. Во рамки на анкетата граѓаните треба да пополнат краток формулар на со што директно учествуваат во креирањето на приоритетите и буџетот на Општина Делчево за 2021 година, информираа од Општината.

Оттаму ги информираа граѓаните дека во тек е подготовката на предлог-програмите на Општина Делчево за 2021 година по одделенија и сектори.

-Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува граѓаните да доставуваат предлози во писмена форма или на официјалната е-адреса на општината. Паралелно информираме дека имајќи ја предвид состојбата со пандемијата, оваа година форумите за креирање на Буџетот и на програмите на Општина Делчево нема да се одржат, додадоа од Општина Делчево.

Во тој контекст, како што додадоа планирани се средби со претставници од месните и урбаните заедници во општината, како и зум-состанок на кој би се вклучиле сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладин сектор. За термините на одржување на овие средби од општината најавија дополнително известување до граѓаните.

На следниот линк може да го најдете формуларот за пополнување:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*