Соопштение за времен режим на сообраќај

Се известуваат жителите на Таушанско маало, населба Голем Рид како и сите граѓани дека согласно со динамиката и известувањето добиено од страна на изведувачот ИЛИНДЕН АД Струга за асфалтирање на дел од улицата „Маршал Тито“ дека на ден вторник, 17.11.2020г.,ќе се започне со вградување на асфалтот при што сообраќајот ќе биде во прекин од 09 часот наутро до 15 часот попладне за лесните возила, односно до 23 часот за товарните возила.

Прекинот за движење се однесува на делот од улицата „Маршал Тито“ од крстосницата со улица „Иво Лола Рибар“, па сè до крстосницата со улицата „Иван Милутиновиќ“.

Воедно, возачите ќе може да го користат алтернативниот пат преку локацијата Стара Пекара, а кога ќе се премине со асфлатирање на делницата од Стара Пекара до мостот пред Таушанско Маало за пристап до овој дел на градот, ќе се користи само Локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*