ИЗВЕСТУВАЊЕ за времен режим на сообраќај за 19.11.2020

Согласно динамиката и известувањето добиено од страна на изведувачот ИЛИНДЕН АД Струга за асфалтирање на дел од улицата Маршал Тито Ве известуваме дека во деновите четврток 19.11.2020г. и петок 20.11.2020г. ќе се започне со вградување на вториот слој асфалт при што сообраќајот ќе биде во прекин од 09 часот наутро до 15 часот попладне.

За ден четврток 19.11.2020 година прекинот за движење се однесува на делот од улица Маршал Тито од крстосницата со улица Иван Милутиновиќ до локацијата Стара пекара при што за пристап до Таушанско маало и населба Голем рид ќе се користи само Локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште. За ден петок 20.11.2020 година прекинот за движење се однесува на делот од улица Маршал Тито од локацијата Стара пекара до крстосницата со улица Солунска, а возачите кои гравитираат кон населбата Голем Рид ќе може непречено да го користат алтернативниот пат преку локацијата Стара Пекара и Локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи и воедно апелираме да ја почитувате поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движите со намалена брзина и зголемена претпазливост.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*